АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво со назив АЛКАЛОИД ЕНЕРГЕТИКА Скопје. Друштвото е во 100 % сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје, a основна дејност е производство на електрична енергија.
Имајќи ги предвид заложбите на АЛКАЛОИД АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во нивното остварување”, велат од Алкалоид.

Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво. Со овие капацитети ќе се овозможи од 75% до 85 % од електричната енергија која се користи за производствените капацитети на АЛКАЛОИД АД Скопје да биде од сопствени обновливи извори.

Како општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, АЛКАЛОИД АД Скопје придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост. Инвестирањето во нови производствени капацитети, современа опрема, во изработка на квалитетни проекти, грижа за животната средина и во енергетска ефикасност останува примарна стратешка определба на АЛКАЛОИД АД Скопје и во периодот што следува”, објаснуваат од компанијата.