Пандемијата на коронавирус нè научи дека државата мора да има силна прехранбена и фармацевтска индустрија и независен сектор за електрична енергија.
Ова е една од главните тезите на иницијативата за зајакнување на домашното производство и создавање на самоодржлива економија на БиХ, симболично наречена „Можеме да го направиме тоа“ (“Mi to možemo”), која ги обедини босанските бизнисмени и експерти.
Влијателни експерти од различни полиња подготвија основни упатства и мерки содржани во документот кој нуди конкретни чекори што треба да се преземат за да се ублажат негативните последици предизвикани од пандемијата COVID-19 и да се надмине економската криза во БиХ.

На прес-конференцијата во Сараево, еден од организаторите, Амер Буквиќ, претседател на ББИ (Босна Банк Интернешнл), рече дека идејата настанала пред околу два или три месеци кога паниката била поголема отколку што е денес и границите беа затворени како последица од прогласувањето на пандемијата.
“Ние, двесет и двајца членови од економскиот сектор седнавме и се согласивме заеднички да дадеме придонес. Затворените граници нè направија зависни од сопственото производство и сфативме дека фокусот секогаш треба да биде на прехранбената индустрија, фармацевтската и електричната енергија. Потоа инициравме околу 150 мерки кои битребало да се преземат и да доведат кон зајакнување на домашното производство и создавање на самоодржлива домашна економија “, изјави Буквиќ.

Тој додаде дека суштината на идејата е супституција на увозот и и промовирање на извозот, затоа што БиХ годишно увезува две милијарди КМ храна повеќе отколку што извезува, и дека увозот на фармацевтски производи е на ниво од 700 милиони КМ.

“Кога има криза, нашите стопанственици се витези, витези на ова време. Нив треба да ги следат банкарите, кои треба да обезбедат поволни средства. Јавниот сектор треба да доживее масовна реформирање. медиумите треба преку кампањи да го потенцираат значењето на домашното производство, а на сето тоа треба да се надоврзе законодавството кое треба да даде поддршка на домашната економија“, вели Буквиќ.

Директорот на Босналијек, Недим Узуновиќ изјави дека компанијата што ја управува е фокусирана главно на извозот, додека за време на пандемијата ги ставила на располагање сите свои ресурси на домашниот пазар.

“За жал, регулативите на БиХ предвидоа стимулирање на домашното производство, но тоа не се применува. Овој пат бараме да се примени тоа. Мораме да се свртиме кон домашните компании, домашниот пазар ако не сакаме да пропаднеме. Ако има друга пандемија, црно ни се пишува“, рече директорот на Босналијек.

Русмир Хрвиќ, претседател на АС Холдинг, изјави дека прехранбената индустрија во БиХ ја покажала својата вредност во време на криза.

“За разлика од другите земји, немавме недостаток, после два-три дена се консолидиравме. На овие основи, треба да се направи понатамошно зајакнување, а оваа иницијатива е всушност вертикална интеграција. Од посебна важност е земјоделството, кое треба стратешка гранка, а не како досега социјална. Стратешките гранки во секоја земја се значително помогнати од државата. Така треба да биде и во нашата земја “, рече Хрвиќ.