Амбасадорите од регионот на средба во МНР за усогласување на режимот на транспорт на стоки

На иницијатива на Министерството за надворешни работи денеска се одржа работна средба со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес.

Од страна на амбасадорите беа презентирани информации во однос на мерките кои се преземени во нивните земји во врска со новонастанатата состојба со корона вирусот, според кои се договори усогласен режим на движење во овој кризен период.

Министерот Никола Димитров истакна дека непречениот транспорт на стоки е во интерес на сите држави во регионот и тоа треба да се реализира со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес.

На средбата учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералната секретарка на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, Биљана Муратовска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Извор: МИА