Возачите на товарни возила ќе бидат изземени од мерката за самоизолација

Заради обезбедување на непречениот промет на стоки, возачите на товарните моторни возила ќе бидат изземени од обврската за самоизолација во траење од 14 дена по враќање од некоја од земјите со висок или среден ризик, доколку немаат симптоми на болеста.
За утврдување на нивната здравствена состојба, Државниот санитарен инспекторат ќе издава посебни потврди, врз основа на кои ќе биде овозможено непречено движење на возачите преку државните граници.

Во текот на денешниот ден, МНР ќе разработи посебен протокол за заемното признавање на ваквите потврди од страна на надлежните органи во земјите на ЕУ и земјите од регионот.

Мерката се очекува да биде формално официјализирана по денешната седница на Владата на РСМ, која е планирана за во 19.00 часот, по што ќе бидат проследени точните детали за нејзиното спроведување.

Извор: http://www.mchamber.org.mk/Default.aspx?mId=3&evid=37982&lng=1