Грција е четврта во светски рамки во извозот на мермерни блокови и плочи, испорачувајќи 76% од своето производство во 120 земји, објавува Ekathimerini пренесувајќи изјава на Здружението на бизниси кои работат со мермер од Македонија и Тракија.
Извозот на овој сектор во Грција изнесува 1,27 милијарди евра. Секторот вработува 6.500 работници кои се директно вклучени во примарниот сектор и околу 18.000 работници во секундарниот сектор.
Околу 60 % од целиот извоз на суров грчки мермер е насочен кон Кина, земја позната како најголем увозник на необработен мермер во светот.
САД, пак, се најголем купувач на преработен мермер од Грција, „стратешки партнер во индустријата“ со 15% од грчкиот преработен мермер.
Грција е шести по големина снабдувач на преработен мермер во САД, меѓу другите, по Италија, Кина и Турција.
Грчката компанија Pavlidis Marble, преку компанијата Stone Works Holding, е сопственик и на прилепскиот Мермерен комбинат, кој е меѓу најголемите 50 извозници од земјата и меѓу 100-те најголеми компании според приходите на продажба.
Во 2019 година Мермерниот комбинат од Прилеп имал извоз од 36 милиони евра и работела со профит од 20 милиони евра, според што е меѓу 10-те најпрофитабилни компании во земјата.