Италија и Хрватска воведоа посебни мерки за транспорт на стоки и возачи на камиони

Италија и Хрватска издадоа препораки за постапување на работодавците и работниците кои заради превоз на стоки постојано патуваат во подрачја во кои има регистрирано случаи на Ковид-19 со цел непречено одвивање на меѓународната трговија.
Во Италија на сила се рестриктивни мерки заради вирусот корона кои меѓу другото препорачуваат возачите на камиони и другите превозни средства возилата да ги напуштаат само кога стоката не може да се предаде на друг начин. Тие исто така треба да носат хируршки маски, стерилни нараквици и со себе да носат средства за дезинфекција. Истоварот на стока треба да се врши со почитување на еден метар оддалеченост помеѓу две лица кои разменуваат стоки. Транспортот на документи се препорачува да се прави по електронски пат. Со овие мерки не се забранува патувањата заради бизнис цели, но треба на полицијата да биде покажана на увид декларација со која се потврдува дека се патува заради бизнис цели.

Исто така, Хрватскиот институт за јавно здравје издаде свои препораки до компаниите вклучени во трговијата и испораката на стоки, а како најважна ја потенцира мерката за за едукација на самите вработени за мерките за заштита.

„Постапките за проверка на патниците кои влегуваат во Хрватска се дефинирани на начин кој ќе обезбеди најголема можна заштита на здравјето на населението и патниците, со минимално нарушување на меѓународниот сообраќај”, се потенцира во препораките.

За оние кои повеќекратно влегуваат во Хрватска заради утовар и истовар на и ја напуштат Хрватска истиот ден и заминуваат во погодените области, а кои престојувале во последните 14 дена во ризичните подрачја како Кина, Хонг Конг, Италија, Јапонија, Иран, Сингапур, Јужна Кореја се спроведува здравствен надзор. Овој надзор го вршат гранични санитарни инспектори кои ги испитуваат превозниците, а оние кои се наоѓаат во опасност, понатаму се спроведуваат до епидемиолозите.

„Најважно е возачите да се придржуваат кон основните хигиенски постапки и при утовар или чекање за утвоар и растовар во објекти во заразените области, задолжително да користат ракавици, маски и заштитна облека и со себе да носат средства за дезинфекција на рацете во ситуации кога рацете не можат редовно да се измијат “, препорачуваат хрватските епидемиолози.

Во мерките кои ги донесе вчера Владата нема посебни мерки за фирмите кои се занимаваат со транспорт, освен оние кои важат за сите на цела територија на државата, а кои можете да ги прочитате ТУКА.