Изминатата 2019 година година индустриско производство во земјава бележи раст од 3,7% во споредба со претходната 2018 година.
Индустриското производство кај преработувачката индустрија, која има најголемо учество од 77,13% во создавањето на индустриското производство има зголемување од 2,4% на годишно ниво.
Најголем раст на индустриското производство лани има во производството на електрична опрема од 14,1%. Фармацевтската индустрија бележи втор најголем раст на индустриското производство од 12,3%. Следи производството на моторни возила со раст на производството лани од 10,9% , производството на хемиски производи каде има раст од 10,7%, производството на машини бележи раст од 8,6%.
Освен производството на лекови, останатите други сектори кои бележат најголем раст на индустриското производство се дејности во кои доминантно учество имаат странските компании кои работат во зоните.
Но, помал раст на индустриското производство лани бележат и индустриите во кои работат доминантно компании со домашен капитал.
Така, производството на текстил лани имало раст на производството од 7,5%, во производството на пијалоци има раст од 6,6%, производството на тутунски производи бележи раст од 5,7%, а растот на производството на прехранбени производи лани е само 1,4%.
Најголем пад во индустриското производство лани имало во секторот производство на кожа и производи од кожа од дури 28,1%, во секторот преработка на дрво и производи од дрво (освен мебел) од 17,5%, во секторот вадење на други руди и камен од 13,8% и производство на облека каде лани има пад на производството од 7,3%.
Голем раст на индустриското производство лани се бележи и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 16,6%, кој учествува со 12,17% во создавањето на индустриското производство.
Во секторот рударство и камен, кој учествува со 10,7% во создавањето на индустриското производство лани има намалување од 1,9%.
Ако се гледа, пак, само индустриското производтство во декември, статистиката бележи пад од 5,9% во споредба со декември 2018 година. Ова е втор по ред пад, откако и во ноември индустриското производство забележа пад од 2,1% во споредба со ноември 2018 година.
Во декември лани најголем раст на индустриското производство има кај производството на метални производи од дури 49% и производството на лекови со раст на производството од 25%.