Потпишан договорот со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава. Договорот е потпишан од министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија Марко Мантованели.
“Секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа: се поттикнува транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Преку овој проект ќе се обезбедат средства со кои ќе се подобри локалната инфраструктура низ целата земја “, посочува министерката за финансии Ангеловска.
Средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс период од 5 години и каматна стапка од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15%.
Инаку во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините можат да доставуваат проекти.
Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктура, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животна средина