Од Царинската управа на С.Македонија инромираат дека согласно донесените Одлуки на Владата на Република Србија, од 21.11.2019 година и 04.12.2019 година, направена е промена на распоредот на работното време на српските фитосанитарни и ветеринарни инспекциски служби на граничните премини Прешево (кон Република Северна Македонија) и Хоргош (кон Унгарија).
Имено, согласно новиот распоред на работното време, инспекциските служби ќе ги извршуваат своите работни должности 24 часа, 365 дена во годината, со работно време од 00:00-24:00.
“Со оваа измена, којашто потекнува од заедничката иницијатива за креирање на мал шенген, ќе бидат надминати досегашните потешкотии со коишто се соочуваат извозните компании и значително ќе се подобри протокот на стоки во регионот на Западен Балкан”, велат од македонската царина.