Вредноста на македонскиот извоз во првите девет месеци годинава достигна 4,78 милијарди евра, што е 13,2% повеќе отколку истиот период лани, додека увозот во истиот период достигна 6,15 милијарди евра или 11,4 % повеќе, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит во првите девет месеци изнесуваше 1,36 милијарди евра и е за 6,3% поголем во споредба со истиот период лани. Покриеноста на увозот со извозот во првите девет месеци годинава изнесуваше 77,9%.
Ако се анализира извозот раст на извозот се бележи во сите сектори, а најголем раст има јаи извзоот од нафта инафтени деривати од 48,3%. Ивзозот ма храна бележи во првите девет месеци достигна 274 милиони евра и е за 17,3% поголем воспоредба со лани. Раст од 17,2% има иизвозот на машинии транспортни уреди, а за 16,8% е поголем извозот на хемиски производи.
Најголеми извозни приливи Македонија во првите девет месеци имала од извоз на мачини и транспортни уреди, чиј извоз во овој период достигна 1,55 милијарда евра, што е дури 32% од вкупниот македонски извоз.
Втора најголема вредност има извозот на хемиски производи, кој во првите девет месеци годинава надмина 1,1 милијарди евра и е зголемен за 16,8% во споредба со истиот период лани.
Ако се гледа по групација на земји, најголем дел од извозот или 81% бил кон земјите од Европската унија (ЕУ), кој бележи раст од 11,4% и достигна вредност од 3,88 милијарди евра во првите девет месеци.
Втор најголем извозен пазар за македонските извозни компании биле земјите од Западен Балкан каде во првите девет месеци годинава се извезени производи во вредност од 548 милиони евра . Во споредба со истиот период лани извозот во Западен Балкан е зголемен за 20%.
Голем раст на извозот од дури 178% се бележи во земјите од Азиско-пацифичкиот регион, кој во првата половина годинава достигна 93,8 милиони евра.
Дури 47% од извозот оди во Германија
Гледано по земји, најголем дел од извозот или дури 48,6% бил насочен кон Германија, каде во првата половина годинава се продадени производи вредни 2,3 милијарди евра и тоа главно од извозот на автомобилски делови. Извозот во Германија во првата половина годинава бележи раст од 19,4% во однос на истиот период лани, што укажува дека негативните ефекти од забавувањето на германската економија се уште не се чувствуваат на македонскиот извоз.
Втор најголем извозен пазар за македонските компании во првите девет месеци била Бугарија со извоз вреден 233 милиони евра, кој бележи раст од 1,4% во однос на истиор период лани.
Косово е трет најголем пазар за македонските извозни компании кои во првите девет месеци таму продале производи вредни 222 милиони евра, што за 39,5% повеќе во споредба со истиот период лани.
Србија е четврт по големина извозен пазар со извоз вреден 188 милиони евра во првите девет месеци годинава, кој е 15,2% поголем во споредба со истиот период во 2018 година.