По сите непредвидливи пресврти на финансиските пазари кои се случија откако се прошири пандемијата со коронавирусот, се чини дека клапсот на цената на нафтата под нулата ја прелеа чашата.
Договорите за нафтата West Texas вчера достигнаа цена од 37,63 долари за барел. Ова е прв пат досега во историјата да се случи цените на нафтата да паднат во негативна територија. Тоа практично значи дека продавачите всушност им плаќаат на купувачите за да им ја откупат нафтата.
Причината за тоа е што пандемијата ја доведе економијата во целосен застој, побарувачката за нафта е целосно крахирана, заради што има толку многу неискористена нафта што американските енергетски компании немаат повеќе простор за да ја складираат.
Овие фјучерси за тргување со нафта која треба да се преземе во мај имаат рок кој истекува денеска, но никој не сакаше да ги купи. Заради тоа продавачите мораа да понудат на оние кои ќе ја откупат нафтата да им платат над 30 долари за секој откупен барел.
Договоритет за фјучерсите за нафта која треба да се испорача за во јуни се склучуваат по цена од 20,43 долари за барел.
Колку за споредба нафтата на почетокот на годината се продаваше по цена од 60 долари за барел, а само за неполни четири месеци таа стрмоглаво падна на околу 20 долари за барел.
„Малку што може да се направи за да се спречат пазарирте од натамошниот акутен пад во иднина“, вели Мајкл Тран, управен директор на глобалната енергетска стратегија на RBC Capital Markets.
„Рафинерите ја отфрлаат суровата нафта со историско темпо и со нивото на складирање кое е веќе на максимум од страна на американскит енергетски компании, пазарните сили ќе предизвикуваат натамошен пад сè додека не го допреме дното или не се расчисти со Ковид 19”, вели Тран.
Од почетокот на годината, цените на паднаа по зголемените влијанија на коронавирусот и последиците од немањето договор помеѓу земјите членки на ОПЕК +. Во услови кога не се гледа рајот и кога производителите ширум светот продолжуваат да пумпаат барели нафта, што создаде преголеми залихи и недостиг на складови каде таа нафта да се складира.
Очекувањата на инвеститорите се дека има толку големи залихи натрупано со нафта, што ќе биде многу сложено да се најде решение за овој проблем во блиска иднина.
Нафтениот пазар се руши
„Ако сте производител на нафта, вашиот пазар е практично исчезнат и ако немате пристап до складирање, немате среќа“, вели Арон Брејди, потпретседател за услуги на пазарот на енергија на IHS Markit, фирма за истражување и консултантски услуги. „Системот целосно се уништува“, вели тој.
Рафинерите не ја сакаат суровата нафта за да ја преработуваат во бензин, дизел и други нафтени производи затоа што луѓето не патуваат ниту со автомобили, ниту со авиони, а меѓународната трговија нагло забави.
Нафтата сега се чува и складира во секое ќоше и пукнатина.
Еден од подобрите делови на нафтениот бизнис деновиве е поседување на танкери за складирање на нафта.
Светот има проценет капацитет на складирање на 6,8 милијарди барели нафта, а над 60% се веќе исполнети, сметаат експертите за енергија.
Складиштата за нафта се веќе целосно пополнети во Карибите и Јужна Африка, а Ангола, Бразил и Нигерија ќе го достигнат капацитетот на складирање за неколку дена.
Само пред нешто повеќе од една недела, во нафтената индустрија имаше одреден оптимизам откако Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, плус Русија и другите производители на нафта соопштија дека ќе намалат 9,7 милиони барели на ден на производство, или околу 10% од глобалното производство на нафта, најголемото намалување досега.
Но, многу експерти предурпедија дека тоа нема да биде доволно за да се спречи падот на ценатата на нафтата, бидејќи глобалната побарувачка за нафта практично не постои.
Имено, аналитичарите очекуваат дека дневната потрошувачка на нафта ќе падне за дури 29 милиони барели во април, што е околу три пати повеќе од договореното намалување на производството на нафта од страна на најголемите земји производители на нафта.
Многу компании производители на нафта се соочуваат со огромни загуби и проценките се дека годинава ќе има голем број на банкроства на нафтени компании низ светот.
Проценките на некои американски аналитичари се дека ако цената на нафтата остане уште некое време на околу 20 долари за барел, околу 80% од нафтените компании во САД ќе банкротираат.
Но, падот на цената на нафтата сигурно ќе предивзика уште поголеми и посериозни проблеми за оние држави кои најголемиот дел од државните буџети ги полнат преку приходите од продажба на нафта и нафтени деривати.
Очигледно пандемијата со коронавирусот полека, но сигурно ќе го смени светот кој досега го познаваме.