Рејтинг агенцијата Moody’s очекува глобалната продажба на автомобили оваа година да падне за 20% во споредба со минатата година, под влијание на економските штети кои ги предизвика пандемијата со коронавирус.
Претходната прогноза на Moody’s предвидуваше пад на продажбата од 14%, а новата прогноза се толкува како последица на „сериозноста на глобалната рецесија, која станува се повеќе очигледна“.

„Глобалната продажба на автомобили најверојатно ќе закрепне за 11,5% во 2021 година, иако на ниска основа, заснована на очекуваниот раст на БДП од 4,8% во земјите од Г-20 следната година“, велат од Moody’s.
Од рејтинг агенцијата очекуваат падот на побарувачката и продажбата на автомобили во Европа да биде уште поголем и да изнесува 30% годинава. Тоа е влошување од претходната проекција за пад од 21%.
Продажбата на САД се очекува да падне 25 % оваа година, исто така значително повеќе од претходната проекција од 15%.


Поврзани вести

>>> Германија очекува најнизок извоз од 2009 година


 

Кина е единствениот голем пазар на автомобили за кој Мудис не ја смени прогнозата за продажба за 2020 година, а се вели дека оваа година ќе се намали за 10%.
Причината за одржување на прогнозата се знаците дека побарувачката почнува да се враќа на нормално ниво по нагло опаѓање во првиот квартал.