Развојната банка на С.Македонија денеска го објави јавниот повик за аплицирање за бескаматни кредити.
Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.
Средствата од Посебниот кредитен фонд се во сопственост на Владата, а вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000 денари или 5,5 милиони евра
Во овој прв оглас, кредитните линии се наменети за најпогодените дејности – туризам, угостителство и товарен транспорт.
Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.000 денари и тоа:
• на компании до 10 вработени, може да им се одобри кредит до 307.500 денари;
• на компании со 11 до 50 вработени, може да им се одобри кредит до 922.500 денари;
• на компании со 51 до 250 вработени, може да им се одобри кредит до 1.845.000 денари.
Бројот на вработени се зема од Билансот на успех од последната фискална година. Во случај да не постои ваков податок, кредитобарателот треба да поднесе изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност за бројот на вработени со 31.12.2019 година.
Кредитите се пласират во денари без девизна клаузула.
За заштита на барателите и вработени во Банката, аплицирањето е целосно електронски на мејл адресата kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk .
Аплицирањето почнува од утре (четврток), 26.03.2020 година.
На следниот линк можете да го погледнете целиот јавен повик: