ФТ: Бугарија како Силиконска долина на Југоисточна Европа

Угледниот Фајнанешл Тајмс во напис за главниот град на Бугарија, Софија пишува за екордните инвестиции во бугарската  ИТ индустрија. Во написот Софија е наречена “Силиконската долина” на Југоисточна Европа.

Бугарија привлекла рекордна сума странски инвестиции во софтверни, информациони и комуникациски технологии во текот на 2018 година, кога се отворени најмалку 16 проекта со вкупна врендост од 240 милиони долари, повеќето во Софија.
Странските инвестиции во ИТ секторот постојано растат од 2015 година наваму, покажуваат податоците на ФТ. Податоците покажуваат дека од 2015 година досега во софтверната индустрија и ИТ услугите во Бугарија се вложени 673 милиони долари. Најголемиот дел од инвеститорите се од САД и ЕУ.

Во 2018 година ИКТ секторот во Бугарија имал продажби од 3,2 милијарди долари, што е годишен раст од 45%. Во овој сектор работат повеќе од 12 илјади компании, од кои 90% се воСофија, во кои се вработени околу 50.000 луѓе.

Софија има долгогодишна репутација като центар за технолошки достигнувања . До септември оваа година во Софија се започнати уште седум големи проекти во ИТ секторот со вкупна вредност од 93,5 милиони долари.

Како најголеми предности на Софија се што нуди брз широкопојасен интернет,  рамен данок од 10% на корпоративните добивки и личните доходи, што е една од најниските стапки во Европа, евтина работна рака и ниски трошоци за живот. Земјата исто така има придобивки од блискоста кон Србија и Романија, кои формираат силен технолошки триаголник, кои често се нарекува Силиконската долина на Југоисточна Европа.

Но, сепак ФТ посочува дека Бугарија во споредба со другите европски земји има уште многу работа, посебно во делот на борбата против корупција, подобра социјална заштита и олеснување на регулативите за водење бизнис.