Германската фармацевтска компанија Stada презема 15 брендови од портфолиото на GSK

Германската фармацевтска компанија Stada AG, во рамките на која работи и српската фабрика „Хемофарм“, значително го проширува својот глобален бизнис во областа на лекови и препарати без рецепти (OTC) преку стекнување на портфолио од 15 познати брендови на GlaxoSmithKline (GSK).

Оваа трансакција вклучува стекнување на 15 брендови, меѓу кои Venoruton – за третман на болести на вените, Coldrex – за третман на симптоми на настинка, Cetebe – додаток во исхраната на витамин Ц, Mebucaine – палета на производи за воспаление на грлото и Tavegyl – антиалерген.

“Stada е важен европски играч со силно присуство на многу пазари и, како таков, се попосакуван партнер во сегментите на генерички и здравствени производи за широка потрошувачка. Марките што ги купивме и пазарите на кои тие се присутни се добро усогласени со географската стратегија на Stada и нашите клучни активности”,  вели Питер Голдсмимит, извршен директор на Stada.

Од географски аспект, портфолиото на производи на GSK, купено од Stada се продава во многу земји, посебно во Германија, Русија, Полска и Шпанија.