Корона вирусот ја намали цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата на меѓународните пазари вчера паднаа под 60 долари за барел под влијание на вестите за смртни случаи поврзани со епидемијата на корона вирусот во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,40 долари од претходното затворање и изнесуваш 59,29 долари. Крајот на минатата недела нафтата го дочека во минус од 1,35 долари. На американскиот пазар барел нафта вчерa се тргуваше по цена од 53,4 долари.

Пазарите уште минатата недела беа погодени од загриженоста за можноста за понатамошно ширење на вирусот корона во Кина, која е втор потрошувач на нафта во светот. Кинеските власти го ограничија движењето и патувањето, што исто така ја намалува побарувачката за нафта.

Вкупно повеќе од 80 луѓе досега починале како резултат на инфекцијата од овој вирус. Кинеските власти ги продолжија новогодишните празници до 2 февруари со цел да ги задржи луѓето дома и да спречи понатамошно ширење на вирусот.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, пак, кои се значајни членки во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), се обидуваат да ги намалат потенцијалните негативни ефекти на кинеската епидемија врз побарувачката на нафта. Официјален Ријад изјави дека ОПЕК ќе одговори на какви било промени во побарувачката. Нафтениот картел со сојузниците меѓу независните производители на нафта преговара за евентуално продолжување на периодот на намалено снабдување и после март. Разгледувана е и можноста за уште позначајни ограничувања на производството, доколку е потребно и ако продолжи ширењето на вирусот во Кина.

ОПЕК и нејзините сојузници, вклучително и Русија, во моментов координираат намалување на производството од 1,7 милиони барели на ден “и нивниот договор истекува во март.

Главниот двигател на пазарот се „психолошките фактори и екстремно негативните очекувања на некои учесници на пазарот и покрај многу ограниченото влијание на вирусот врз глобалната побарувачка на нафта

Сличен екстремен песимизам е забележан во 2003 година, за време на епидемијата на САРС, но тогаш тоа не предизвика значително намалување на побарувачката на нафта.