Многумина се надеваат дека во случајот на кризата предизвиката од пандемијата со корона кризата, станува збор за економска криза во форма на буквата „V“, односно криза со остар пад и брз скок по завршувањето на пандемијата. Лично, мислам дека станува збор за криза со бавно закрепнување. За тоа придонесува и политичката ситуација во светот, вели Јоже Менцингер, познат словенечки економист и одличен познавач на приликите во сите земји во регионот, во разговор за Близ Бизнис.
“Мислам дека оваа криза е таква што, како и големата криза од 1930-тите, ќе има трајни ефекти врз економските и социјалните односи”, вели Менцингер, потенцирајќи дека е неизвесно кога ситуацијата со пандемијата во светот ќе се стабилизира и дека вирусот очигледно зајакнува во Америка, особено во земјите од Јужна Америка, како и во неколку големи земји во Азија.
Менцингер смета дека Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои се „црвени зони“, се најзагрозени меѓу земјите во регионот.
“Економските изгледи на Словенија зависат од состојбата во германската автомобилска индустрија, во која се појавуваат првите знаци на оптимизам, иако фабриките сè уште се затвораат или се скрати работното време. Туризмот, кој се најде во најголемите проблеми во екот на здравствената криза, сега се опоравува во Словенија и во Хрватска, а воздушниот сообраќај полека се враќа”, заклучува Менцингер.