Владата на вчерашната седница донесе Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, се продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19 со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за данокот на добивка за месеците јуни и јули 2020 година.
Овие мерка Владата ги носи за ублажување на последиците на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради пандемијата со КОВИД-19.
На почетокот на месецов Сојузот на стопански комори побара од Владата продолжување на сите мерки за поддршка на погодените компании за уште два месеци, односно за јуни и јули, бидејќи многу компании се уште немаат никакви приходи и се соочуваат со големи ликвидносни проблеми.