Во своето редовно годишно обраќање до вработените, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД, Живко Мукаетов ги честиташе празниците и ги сподели бројните достигнувања во успешната година која изминува на која сегашните вработени, но и сите изминати генерации Алкалоидовци можат да бидат горди.

“Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава. Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна, со пласмани во над педесет земји во светот, која денес ја раскажуваат нови генерации дома и надвор од македонските граници, на кои ќе им ги пренесат силните етички стандарди базирани на знаење и системот на вредности граден со децении.
Со желби за добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања, ви посакувам среќни празници! “, вели Мукаетов во видео обраќањето кое подолу може целосно да го погледнете.