Германија плаќа две третини од платите на работниците за да не бидат отпуштени

Скоро половина милион компании во Германија воведоа посебни краткорочни шеми за своите работници познати како Kurzarbeit“ за да ги намалат трошоците за плати.

Никогаш порано, дури ни во финансиската криза од 2008 година, бројот на овие апликации не бил толку голем. Краткорочното работење послужи како средство за спречување на масовни отпуштања за време на последната криза од 2008 година.

Фирмите во рамки на овие краткорочни работни шеми ги испраќаат луѓето дома или значително им ги намалуваат работните часовите, но ги задржуваат официјално вработени со финансирање од страна на државата на две третини од платите на вработените.

Значи, работниците добиваат дури две третини од својата плата дури и ако не работат, а компаниите кои се соочени со проблеми не се оптоварени со трошоци за вработените.

“Kurzarbeit” е одлично средство и за вработените и за работодавците. На првите им обезбедува приход, а на другите им дава повеќе сигурност за планирање на следните месеци кога ќе се почуствуваат еконмските потреси”, вели Стефан Шнајдер, главен економисто во Дојче банк.

Тоа е докажана алатка од последната криза. Кога економското производство на Германија се намали за 5% во 2009 година, во текот на годината беа погодени во просек 1,1 милиони работници, што го чинеше Берлин околу 10 милијарди евра.
Но, до крајот на таа година, стапката на невработеност беше 7,6%, пониска од онаа во 2008 година.

Овој пат, ферманија очекува околу 2,35 милиони луѓе да ги повлечат овие пари, што би можело да чини повеќе од 10 милијарди евра.

Но, традиционално штедливата Германија е добро подготвена да ги распредели заштедите што ги направи во текот на добрите години. Дури и Бирото за труд собра резерви од 26 милијарди евра, што сега може да се искористи за поддршка на деловните активности и вработените.

– За разлика од претходната криза, каде претежно индустриски фирми го применија овој план, сега прават и мали сервисни компании како ресторани и консултанти – објаснува Шнајдер.

Меѓу компании кои ја употребија оваа краткорочна работна шема се  Lufthansa, BMW, Volkswagen и Daimler, кои го искористија овој инструмент за да ги задржат работниците.

Оваа шема би можела да бисе искористена и од другите земји.
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, јавно ја сподели идејата за воведување на оваа шема и во други земји, поддржана од фонд од 100 милијарди евра што ќе ги обезбеди Комисијата.

Таа смета дека наместо да се оди кон издавање на „корона обврзници“, солидарноста може да дојде преку овој инструмент за да се спречат големи загуби на работни места во земјите погодени од вирусот.