Производството во германската индустрија значително опаѓа. BDI предупредува дека особено клучните германски индустрии се соочуваат со значителен пад.
Германската индустрија очекува остар пад на производството оваа година. Федерацијата на германските индустрии (БДИ) очекува пад од 3%, што е трета година по ред со пад на производството.
„Закрепнувањето во 2025 година не е на повидок“, вели извршната директорка на БДИ, Тања Гонер.
Она што е особено проблематично е тоа што водечките индустрии во Германија се борат со сериозни падови, рече Генер. Заклучно со септември, автомобилската индустрија бележи пад во производството од – 6,9% во однос на истиот период лани, во машинската индустрија падот е -8,5%, а во електроиндустријата има пад од -10,7%.
„Индустриската рецесија продолжува и во Европската унија“, напиша БДИ во својот „Извештај за индустријата 2024“.
„Германија, но и ЕУ, стануваат се помалку атрактивни како локација“, велат од БДП.
Здружението очекува германскиот извоз да падне за 0,5 % оваа година, додека глобалната трговија со стоки ќе се зголеми за 2%.
Очекувањата за извозот за 2025 година исто така се намалени.
БДИ повторно повика на политичка поддршка: со цел повторно да се генерира поголем раст и да се направи Германија атрактивна локација.
„Итно ни треба нова и способна влада која ќе ги спроведе неопходните реформи со одлучност и храброст“, велат од БДИ.
Германската економија забележа само минимален раст во третиот квартал. Бруто домашниот производ е зголемен за 0,1% во однос на претходниот квартал, објави Федералниот завод за статистика на Германија.