Германската компанија Bosch, која е најголем светски производител на делови за автомобили, планира да отпушти помеѓу 8.000 до 10.000 работници во Германија, повеќе отколку што претходно беше планирано.
Bosch е силно погоден од слабата побарувачка, силната кинеска конкуренција и бавната транзиција кон електричните возила.

Претставниците на вработените и синдикатите подготвуваат акционен план за 2025 година со кој нема да се исклучат штрајкови, додаде тој.

„Тешкото економско опкружување и тековната трансформација во автомобилската индустрија претставуваат големи предизвици. За нас е важно да останеме конкурентни под овие услови“, објавуваат од компанијата.

Bosch пред неколку недели објави дека планира да укине околу 5.500 работни места во следните неколку години, поради стагнантната побарувачка за автомобили и нова технологија.

Групацијата Бош вработува околу 135.000 луѓе во Германија. Планираните отпуштања претставуваат речиси 2% од глобалната работна сила на Bosch, која изнесуваше нешто повеќе од 429.000 на крајот на 2023 година.

Европските производители на автомобили најавуваат низа мерки за намалување на трошоците додека се обидуваат да го надминат својот пат низ проблемите. Сепак, трошоците за производство остануваат високи, особено во Германија, а кинеската конкуренција ги стега маржите кои веќе страдаат поради бавната транзиција кон електрични возила.

Оваа вест претставува уште еден удар на најголемата европска економија, каде многу голеим производители се соочуваат со совршена бура на конкуренција од кинеските ривали, традиционални недостатоци како што се големите трошоци за работна сила и високите даноци и трошоците за енергија предизвикани од целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Bosch ќе произведува чипови во САД

Истовремено додека Bosch отпушта вработени во Германија, планира инвестиции во фабрика за чипови во САД.

Американското Министерство за трговија денеска соопшти дека постигнало прелиминарен договор со германскиот снабдувач на автомобили Bosch за субвенции до 225 милиони долари за изградба на силициумски моќни полупроводници во Калифорнија кои се клучни за електричните возила.
Министерствто соопшти дека со финансирањето ќе ја поддржи планираната инвестиција на Bosch од 1,9 милијарди долари за трансформирање на производниот погон во Роузвил, Калифорнија за производство на полупроводници, а покрај тоа му нуди на Bosch и околу 350 милиони долари владини заеми за проектот.

Овие субвенции за Bosch се дел од фондот вреден 52,7 милијарди долари за субвенционирање на американското производство и истражување на полупроводници одобрени во 2022 година.
Bosch очекува да ги произведе своите први чипови во фабриката во Роузвил во 2026 година. Овие чипови се клучни компоненти за автомобилската, телекомуникациската и одбранбената индустрија. Тие користат помалку енергија и се клучни за зголемување на ефикасноста на возењето и полнењето на електричните возила.

„Инвестицијата во Roseville му овозможува на Bosch локално да произведува полупроводници од силициум карбид, поддржувајќи ги американските потрошувачи на патот кон електрификацијата“, рече Пол Томас, претседател на Bosch во Северна Америка.