После неколку остварени деловни посети, компанијата Даути Комерц ги реализираше очекувањата за извоз на производи на домашни производители од регионот на С.Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово на пазарот во Австралија.
Даути Комерц, најголемата диструбутерска компанија во земјава и меѓу најголемите во реагионот за првпат на 3 декември годинава извезе роба за широка потрошувачка наменета за пазарот во Австралија.
“Австралија како пазар е од суштинско значење, како за нашата компанија, така и за нашата земја, затоа што важи за континент во кој со последните статистички податоци живеат повеќе од 200.000 македонски иселеници. Но, исто така, се отвора голема можност домашните производи да се доближат и до другите нации и националности кои живеат на австралискиот континент”, велат од Даути Комерц
Од компанијата истакнуваат дека особено ги радува фактот дека динамиката на побарувачката за домашните производи е навистина голема, а Даути Комерц успешно и со големо внимание одговара на сите барања кои доаѓаат од овој голем пазар.
“Даути Комерц” е лидер во дистрибуцијата на стоки за широка потрошувачка, кој во своето 30 годишно работење успеа да изгради силни врски и мрежи низ регионот, европските земји, САД и низ целиот свет, со што се наметнува како силен партнер на македонските извозни компании преку кој домашните производи полесно стигаат на странските пазари. Компанијата има успешни соработки и партнерства на пазарите во Австрија, Швајцарија, Германија, Франција, Данска, Финска, Норвешка. Од неодамна испорачуваат производи и во САД ( Бостон, Мичиген, Флорида, Масачусетс), а се привршуваат и иницијалните преговори за влез на пазарите во Саудиска Арабија, Катар и Дубаи.
Минатата година Даути Комерц ја почна изградбата на најсовремен извозен центар во Сарај, кој ќе се простира на 30.000 метри квадратни со капацитет од 50 илјади тони стока кој ќе обезбеди голема поддршка на извозните компании при извозот на домашните производи.