Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешната прес конференцја ги претстави економските движења во индустриските зони, како и деталите за претстојните активности и планови на Дирекцијата.
Според презентираните податоци, компаниите кои работат во индустриските зони придонесуваат со речиси 50% во вкупниот извоз на македонската економија, а кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 има големо влијание врз нивното работење.
“Заклучно со октомрви 2020 година извозот од индустриските зони учествува со 45% во вкупниот извоз на државата. Улеството на извозот од зоните во вкупниот извоз бележи континуиран раст. На пример во 2018 година извозот од зоните имал учество од 42% во вкупниот извоз. Овие податоци покажуваат дека во рамки на индустриските зони има сериозно важна економска активност или економија во рамки на економијата”, вели Деспотовски.
Во однос на трендовите, податоците покажуваат дека извозот од зоните во 2019 година растел со стапка од 15% во однос на 2018 година, додека растот на вкупниот извоз во државата во истиот период изнесувал 9,3%. “Според податоците за годинава, вкупниот извоз на државата заклучно со октомври 2020 година бележи пад од 13%, додека за истиот период извозот од зоните има пад од 9,4% во однос на истиот период од 2019 година. Тоа значи дека извозот во зоните е помал во споредба со падот на вкупниот извоз на државата. Според првичните резултати, очекувањата се дека извозот од зоните годинава, заклучно и со ноември, ќе биде околу 8,5%”, вели Деспотовски.
Во однос на увозот, податоците на Дирекцијата покажуваат дека учеството на увозот од страна на компаниите во индустриските зони изнесува исто така се зголемува, но со помало темпо во однос на зголемувањето на учеството на извозот.
Според податоците на Дирекцијата, увозот во индустриските зони заклучно со октомври 2020 година улествува со 28% во вкупниот увоз. Во однос на трендоците на страната на увозот, податоците покажуваат дека увозот од страна на индустриските зони во првите десет месеци годинава бележи пад од 19,3%, додека во истиопт период, вкупниот увоз во државата бележи пад од 21,3%.
Што се однесува до нето извозот од индустриските зони, податоците покажуваат дека вкупниот нето извоз од зоните во првите десет месеци годинава е намален за 21,74%, додека во истиот период нето извозот на ниво на целата држава се намалил за 23,77%.
Според Деспотовски, податоците упатуваат на заклучок дека економијата во рамки на индустриските зони покажува поголема резистентност во однос на останатата економија на глобалните негативни трендови предизвикани од пандемијата со Ковид 19.
Во индустриските зони работат околу 14.000 лица.
Директорот Деспотовски објави податоци и за движењето на просечните плати во индустриските зони во однос на платите во останатата економија. Посседните достапни податоци заклучно со 2019 година покажуваат дека просечната бруто плата на ниво на цела држава во 2019 и 2018 година била повисока во однос на просечните плати во индустриските зони.
Но, во 2019 година просечната плата во индустриските зони во однос на 2018 година се зголемила за 5,9%, додека на ниво на цела држава тоа зголемување било 5,1%. Заради тоа, бруто платата во зоните во 2019 година била помала за 5,46% (6,18% во 2018 година) во однос на просечната бруто плата на ниво на целата држава.
Директорот Деспотовски најавува и воведување на нови механизми со кои ќе се поттикне зголемувањето на бруто платите во зоните, кои ќе се базираат пред се на зголемување на продуктивноста.
Што се однесува до профитабилноста, податоците за 2019 година покажуваат дека 71% од компаниите кои работат во зоните работеле со добивка, додека 29% работеле со загуба. Профитната маржа на компаниите во зоните во 2019 година изнесувала 5,16%, што е намалување вооднос на 2018 година кога компаниите работеле со профитна маржа од 6,06%.
Во 2019 година компаниите во зоните оствариле вкупни приходи во износ од 2,4 милијарди евра, што е за 8,3% во однос на 2018 година. Нето добивката, пак, во зоните во 2019 година изнесувала 124,6 милиони евра и таа е намалена за 7,7% во однос на претходната 2018 година, што може да се објасни и со засилена инвестициска активност. Податоците покажуваат дека во 2019 година компаниите од зоните во 2019 година компаниите од зоните уплатите во буџетот вкупно 28,4 милиони евра, по основ на данци и надоместоци на плати и придонеси) износ кој што е поголем за 25,6% во споредба со 2018 година.
Ако уплатите во буџетот од страна на компаниите во зоните се споредат со државната помош која ја добиваат заедно со ослободувањата од данок, разликата е позитивна и само лани е зголемена за 48% во однос на претходната 2018 година.
“Она што е важно за нас како држава од аспект и на креирање на политиките за поттикнување на инвестициите е да знаеме што за нас значи влезот на странските или домапшни инвеститори, односно што добиваме за секое едно евро што како држава го даваме како поддршка на инвеститорите”, потенцира Деспотовски, додавајќи дека податоците покажуваат дека државата има позитивни придобивки и интерес од влезот на странски инвестиции.
Она што е важно е дека државата во 2019 година е во плус од околу 10 милиони евра, односно толку е разликата од уплатите од компаниите во зоините и она што е дадена државна помош или ословодување, која е скоро двојно поголема во споредба со разликата остварена во 2018 година.Овие податоци пока=жуваат дека и политиката што се спроведувала досега дава свои резултати и како држава не сме во црвено од политиките за привлекување на странски инвеститори. Мој предизвик и намера на владата во следниот период оваа разлика да биде уште поголема, а тоа планираме да го оствариме со одредени измени во политиките на привлекување на странски инвестиции и во начинот на функционирање на Дирекцијата”, изјави Деспотовски.