Глобалното враќање на индустриските политики насочени кон заштита на домашните интереси ја загрозува меѓународната соработка и може особено да ги погоди сиромашните земји, се вели во извештајот објавен од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Извештајот за транзиција на ЕБОР, кој оваа година ги анализираше трговските податоци за 140 земји, откри „забележително глобално обновување“ на стратешки интервенции дизајнирани да ги обликуваат економиите на земјите.
„Индустриската политика е повторно на сила. Се враќа и во богатите земји и во пазарите во развој“, вели главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик. Овие видови политики често вклучуваат грантови или заеми и субвенции за локалната индустрија гарантирани од државата, а 90% од овие политики во напредните економии и региони каде што работи ЕБОР ги дискриминираат странските интереси во корист на локалните. Извештајот на ЕБОР покажа дека таквите политики рапидно се зголемуваат од 2019 година поради фактори како што се поттикнување на зелената транзиција, по примерот на големите економии како Кина и САД, но и затоа што граѓаните ја поддржуваат идејата државата да игра поголема улога во економијата. Истиот Извештај, исто така, покажа дека иако таквите политики можат да бидат ефективни, кога не се управуваат внимателно, тие можат да ја поткопаат конкурентната средина. „Ова значи дека индустриската политика може да стане сила која ќе го турне светот кон фрагментација“, рече Јаворцик.
Овој Извештај на ЕБОР, е првиот што е изработен со помош на вештачка интелигенција, која била користена од истражувачите за да ги анализираат податоците од базата на податоци за глобално трговско предупредување.
Јаворцик рече дека економските превирања од последните години поради глобализацијата, автоматизацијата, зелената транзиција, а сега и Вештачката интелигенција, ја зголемија поддршката за поголемо вклучување на државата, особено меѓу оние родени пред 1975 година.
Зголемената употреба на овие политики во земјите со ниски приходи со ограничен административен капацитет е од особена загриженост, предупреди Јаворцик, бидејќи овие земји имаат тенденција да се определат за политиките кои најмногу „искривуваат“, како што се забраните за увоз или извоз или извозни дозволи, кои имаат висок ризик од корупција.
Целиот Извештај на ЕБРД можете да го прочитате ТУКА.