Индустриското производство во еврозоната во септември годинава падна за 6,8% во споредба со септември 2019 година, додека падот на индустријата во земјите од Европската унија изнесуваше 5,8%, покажуваат податоците на Евростат.
Во споредба со септември 2019 година, производството на капитални добра во еврозоната во септември годинава падна за 13,3%, енергијата за 4,5%, суровините за 3,7%, трајната потрошувачка за 1,7 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 %.
Во ЕУ производството на капитални производи падна за 11,9 %, енергијата за 4,8%, суровините за 2,8% и нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,7 %, додека производството на трајни производи за широка потрошувачка се зголеми за 0,7%.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголем пад е забележан во Ирска (-13,6%), Германија (-8,7 %), Франција и Холандија (двет -6,1 %). Единствените зголемувања се забележани во Полска (+ 3,3%) и Португалија (+ 2,5%).
Во споредба со август 2020 година, индустриското производство во септември опадна за 0,4% во еврозоната, додека на ниво на ЕУ остана непроменето.
Во август, индустриското производство се зголеми за 0,6% во еврозоната и за 0,9% во ЕУ.