Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе учествува на Економскиот форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19? што ќе се одржи во организација на институтот за економски истражувања и политики, „Finance think” е насловот на денешниот настан на кој ќе биде презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија”, изработена од страна на „Фајнанс Тинк” во рамките на проектот „Остварување на потенцијалот на извозно ориентирани компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19″, финансиски поддржан од Владата на Велика Британија и британската Амбасада во Скопје.
Настанот може да го следите на следниот ЛИНК.