Домашната млекарница Здравје Радово информира дека започнува со извоз на сирење и кашкавал на пазарот во Бугарија.
Според очекувањата на менаџментот, извозот на годишно ниво треба да биде меѓу 80 и 100 тони производи или вкупен извоз од околу 300 илјади евра.
Млекара Здравје Радово го развива работењето преку строго почитување на законските прописи и имплементирање и сертифицирање на светските стандарди за квалитет и безбедност на производите. Политиката за безбедност и квалитет е ефикасно управување со ресурсите, успешно функционирање и постојано подобрување на Системот за управување со квалитет и безбедност (СУКБ) и Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа (СУБЗР)
Млекарата ги има имплементирано и сертифицирано следниве стандарди ISO 9001 :2015, HACCP, ISO 22000, FSSC 22000, HALAL.
Млекарата Здравје Радово е единствената млекарница со домашен капитал во РС Македонија со извозна дозвола.