Мерките кои беа воведени за борба со пандемијата со коронавирус имаа значително влијание врз меѓународните трговски текови во јули.
Земјите од еврозоната во јули извезле повеќе од 185 милијарди евра во остатокот од светот, што е за 10,4% помалку во споредба со јули минатата 2019 година, објави Евростат.
Скоро сите членки на Унијата го намалиле својот извоз во другите делови на светот во јули, со исклучок на Малта (+16,1%), Словенија (+10,6%), Естонија (+9,4%) и Словачка (+8,8%).


Извозот на стоки во јули најмногу паднал во Грција (-23,8%), Финска (-19,6%), Франција (-19,5%) и Хрватска (-19,2%).
Увозот од еврозоната во јули изнесувал 157 милијарди евра и е намален за 14% во споредба со јули 2019 година. Сите земји освен Ирска, имале пад на увозот.

Притоа, евро-зоната генерирала трговски суфицит од речиси 28 милијарди евра во трговија со остатокот од светот.
Од друга страна, трговијата во рамките на самата еврозона падна на нешто помалку од 154 милијарди евра, што е за речиси 9% помалку од јули минатата година.