Пред изборот на членовите на новата влада закажно за во сабота, во Собранието е доставена и програмата по која ќе работат министрите во периодот од 2020 до 2024 година.
Покрај гантирањето континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со светската пандемија на корона вирусот, новото парламентарно мнозинство најавува и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции
Во делот на економијата, насловен како трансформација на економијата за забрзан раст и повисок животен стандард, се потенцира дека целта на новата Влада не е само да биде само успешен менаџер во криза, туку брзо пребродување на кризата и враќањет на патото на растот и развојот и на спроведување на суштинските политики со кои ќе се подготвиме за „новата нормалност“ после COVID-19.
“Владината цел е да ја трансформираме нашата економија за да биде поконкурентна, прво дома, а потоа и надвор. Движењето на економијата ќе биде засновано на силен бран јавни инвестиции, директни домашни и странски инвестиции и најважно на иновации во сите сектори, со цел значително да се зголеми продуктивноста, квалитетот и додадената вредност на производите и услугите”, се вели во владината програма.
Се ветува стабилна макроекономска рамка, во која даночниот систем ќе биде предвидлив, ефикасен, праведен и сериозно ќе ја намали сивата економија и ќе ја поттикне приватната иницијатива и инвестиции. Владата најавува зајакнување на капацитетот за реализација на јавните и капитални инвестиции, со цел да се изкористи, според нив, огромниот потенцијал на домашната потрошувачка и инвестиции.
Во продолжени прочитајте кои се најзначајните политики и новини кои се однесуваат на работењето на компаниите:
–Враќање на економијата на стапки на раст од 4% до крајот на четиригодишниот мандат.
–За време на кризата минималната плата ќе се задржи на 14.500 денари, додека по завршувањето на кризата, се ветува раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20% до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%.
–За следните четири години Владата планира да привлече странски директни инвестиции од најмалку една милијарда евра, со фокус на инвестиции базирани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите.
–Директна подршка на домашните и странски инвестиции во износ од 300 милиони евра од домашните буџети и директна алокација на очекувани 300 милиони евра од европските фондови.
– Обемот на финансиска поддршка за домашните компании преку Планот за економски раст ќе се зголемува за 25% секоја година во однос на претходната. Директната поддршка на домашните компании ќе се реализира преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите со авансно финансирање на технолошките и на иновативните потреби во функција на извозот во висина од 10% до 15% на проектираната инвестиција.
– Воведување на развојна обврзница– во следните 6 месеци ќе воведе развојна обврзница како проверена практика за своевидно соинвеститорство на граѓаните и бизнисот во иновативниот развој на економијата. Целта ќе биде да се финансираат развојни проекти во кои има поврат на средства од приходи, односно намалување трошоци, поттикнување развој – зголемување на продуктивност и модернизација на процесите на производство (инфраструктура, кофинансирање на инвестиции во приватен сектор, енергетска ефикасност и дигитализација на јавен сектор).
Какви даночна политика ќе води новата Влада?
– Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24. Владата предвидува ослободување од данок на добивка при реинвестирање на добивката во 2021 како одговор на влијанието на ефектот од ковид пандемијата.
– Персоналниот данок на доход се намалува на 0% во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.
– Данок на личен доход останува на 10%, но, од Владата велат дека остануваат доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за негово воведување.
-Воведување на нов Закон за ДДВ со кој претпријатијата што се извозно ориентирани при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз;
-Единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги;
–Ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители
-Намалување на ДДВ од 18 на 5% за занаетчиски услуги;
-Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.
-Продолжување на проектот „Мoj ДДВ“ со зголемен лимит по поединец на 2.300 денари за тромесечие.
–Нов Закон за царинска тарифа и забрзано прилагодување (укинување и елиминирање и намалување на висината на царинските стапки царинските тарифи) во корелација со висината на царинските стапки во Европската Унија, со кој ќе се обезбедат пониски цени за домашните компании за суровините и репроматеријалите, правејќи ги компаниите поконкурентни за извоз.
–Субвенционирање на трошоците на извозните компании кои поседуваат TUV и CE сертификат за производите за настап на еден саем годишно во Европа и еден саем годишно по избор во САД, Африка или Азија, во висина од 50% од трошокот за учество.
–Воведување на нов данок на промет при уплата на игрите на среќа –во висина на 4% од бруто уплатената вредност.
Намалување на парафискалните и другите трошоци за водење бизнис
– Основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро.
–Укинување данокот на личен доход за категорија обука, квалификации, добивање лиценци, што ќе овозможат подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите.
–Целосна промена на системот за плаќање и за висината на фирмарина, согласно големината на претпријатието, бројот на вработени и годишните приходи. Ќе се укине фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании.
–Драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, тековна состојба, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции).
–Намалување на парафискалните давачки до 75% и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори. Ќе се формира регистар на парафискални давачки. (Ќе се укине надоместокот за поврзување на фискалниот апарат со серверите на УЈП и надоместокот за контрола на промет што го врши УЈП, прецизно ќе се регулира сервисирањето на фискалните апарати кај претпријатијата и тоа ќе биде бесплатно за сите трговски субјекти што користат фискални апарати, ќе се зголеми временскиот рок за менување на СИМ-картичка од фискална каса од една година на 3 години, ќе се ограничи износот на цената на задолжителните систематски прегледи на вработените).
– Нов Закон за е-трговија во функција на регулирање на бизнисот и сузбивање на нелојалната конкуренција и даночната евазија. Со овој закон значително треба да се регулира е-трговијата преку воведување на одредби за е-фактура, е-фискална сметка и е-плаќање. Овој закон треба да обезбеди големи погодности за микро, малите и средните претпријатија и нивно вклучување во глобалните синџири на снабдување и глобалната трговија.
–Докапитализирање на Развојната банка на Северна Македонија и воведување на инструменти за финансирање на извозните потреби на компаниите, односно директно финансирање на извозот и зголемување на неговиот обем и конкурентност на македонските производи и услуги.
–