Најголемиот политички собир во Кина покажа дека Кина во следниов период го гледа домашниот пазар, а не извозот, како клуч за растот на сопствената економија, особено во случајот со најлошото сценарио – долгорочната глобална економска криза.
Изминатиов викенд во Кина се одржа најголеиот политички состанок на кој кинескиот претседател најави дека Кина влегува во реализацијата на новиот развоен план во кој „домашниот пазар ќе игра доминантна улога“.
„За иднината, ние мора да ја третираме домашната побарувачка како почетна точка во градењето на целосен систем на домашна потрошувачка и со тоа да промовираме иновации во науката, технологијата и другите области“, рече кинескиот претседател Си Џинпин за агенцијата Xinhua.
Според кинеските аналитичари, ова е напуштање од претходниот модел на големо потпирање врз меѓународната трговија на средства и добра, кој започна да се спроведува во 90-тите години и кој и донесе на Кина статус на втора најголема економија во светот.
Ова се толкува и како подготовка за најлошото сценарио, долгорочна глобална економска криза, но и како подготовка за одвојување на кинескиот со меѓународниот пазар, до што може да дојде како последица на растечкиот прокеционизам и најавеното селење на многу меѓународни ланци на снабдување надвор од Кина.
Кинескиот економист Ху Ксингу смета дека целта на овие мерки не е да се затвори кинеската економија, туку да се заштити кинеската економија, која ќе продолжи да бара меѓународна соработка и отворен глобален пазар.
Но, Кина е свесна за последиците од трговската војна и технолошкото ривалство со САД, како и за протекционизмот што резултираше од пандемијата.
Зборовите на кинескиот претседател се само потврда за тоа.
„Кина се соочува со неповолни ветрови во меѓународната заедница, вклучително и длабока рецесија на глобалната економија, прекинати текови на меѓународната трговија и инвестиции, растечки протекционизам и геополитички ризици. Ние мора да бараме развој во сè понестабилен свет “, изјави Џинпин.
Неговата цел е Кина да се продолжи да се развива и да стане самоодржлива, особено преку развој на дигиталната економија, паметно производство, здравствена заштита и нови форми на индустриски развој кои би биле главни фактори на растот.