Масивен контејнерски брод што го блокираше египетскиот Суецки канал скоро една недела е делумно преместен, соопшти денеска Управата на каналот Суец зголемувајќи ги надежите дека блокираниот воден пат наскоро ќе биде повторно отворен за бродовите и за трговија.
Бродот Ever Given долг 400 метри и тежок 224 тони бил успешно помрднат во 4.30 сабајлево. Службите кои работеа успеаа да го исправат бродот, но потребно е се уште работа и операциите за негово влечење ќе продолжи откакоќе се зголеми плимата подоцна во текот на денот.
Над 200 бродови се уште чекаат каналот да биде ослободен за да можат да го продолжат транспортот на стоки.
Еден од најголемите контејнерски бродови во светот се заглави дијагонално преку каналот при силни ветрови минатиот вторник, со што беше стопиран контејнерскиот бродски транспорт на најкратката рута за превоз меѓу Европа и Азија.
Најмалку 369 пловни објекти чекаа да го транзитираат каналот, вклучително и десетици бродови со контејнери, превозници на големо, цистерни за нафта и пловни течен природен гас (ЛНГ) или пловни течен нафтен гас (ТНГ).