Нафтата е најбрзо растечки извозен производ на САД во последните 15 години со неверојатен раст

Landscape image of a oil well pumpjack wiith an early morning golden sunrise and American USA red White and Blue Flag background.

Вредноста на извозот на нафта во САД бележи раст од нешто помалку од 20,000% во последните 15 години, што го прави најбрзорастечки извоз на САД во овој временски период, пишува Forbes.
Но, нафтата е само еден од трите брзо растечки извозни производи на САД кои се енергетски поврзани.

Во 2004 година, нафтата била 361 по големина извоз на САД. Потоа се случија две важни работи.

Прво, иновациите во хидрауличното фрактурирање за добивање на нафта. Второ, значително олабавување на повеќедецениските ограничувања на САД за извоз на нафта за време на администрацијата на Барак Обама во 2015 година.

Нафтата ја заврши 2019 година како трет најголем извозен производ на САД, зад авионите и нафтените деривати и преработики.
Вториот и третиот најбрзорастечки извоз од 2004 година досега се во категоријата што вклучува течен гас LNG и други гасови базирани на нафта и бензин. Нивниот извоз е зголемен за 990,11% и 806,73%, соодветно.

Извозот на крвна плазма е четвртиот најбрзорастечки извоз на САД, со раст од 499,36% од 2004 година досега.

Кина беше втор најголем извозен пазар за американската нафта до пред трговската војна. По воведувањето на царините од 5% од страна на Кина во 2019 година беше рангирана како седми најголем извозен пазар за американската нафта, што привремено го забави извозната офанзива на американската нафта. Но, Кина најави намалување на царините на нафта на 2,5% и се обврза да купи близу 55 милиони барели нафта во следните две години.

Целокупниот извоз на САД во периодот од 2004 до 2019 година бележи зголемување од 112,95%, но истовремено е зголемен и трговскиот дефицит  за околу 30% или на 853 милијарди долари.

Само две извозни категории од ТОП 20 најголеми извозни производи бележат намалување во вредноста во последните 15 години. Тоа се компјутерски чипови и компјутерски делови, со намалување за 4,21% и 9,24% соодветно.

Бидејќи производството на компјутерски чипови се пресели во странство, вредноста на извозот на машините што се користат за производство на полупроводници за компјутерски делови и чипови бележи раст за 68,50% од 2007 година наваму.

Меѓународната агенција за енергетика минатата година објави проценка според која извозот на нафта и нафтени производи од САД ќе се зголемат двојно до 2025 година, со што САД може да стане најголем извозник на нафта на свет, надминувајќи ги Саудиска Арабија и Русија.

Во 2019 година САД за прв пат после долги години станаа нето извозник на нафта и нафтени деривати. Со оглед на фактот дека производството на нафта е зголемено за над 150% во споредба со 2008 година, а домапната побарувачка е на исто или помало ниво, може да се заклучи дека нафтената извозната приказна на САД допрва почнува.