Победата на Доналд Трамп го зајакнува оптимизмот кај врвните светски директори
Извршните директори на најголемите светски компании се пооптимисти за економијата отколку што беа со години наназад.
Ентузијазмот делумно е поттикнат од изгледите за враќање на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, при што многу главни директори очекуваат нивните бизниси да имаат корист од пониските корпоративни даноци и помалата регулатива, според новото истражување на советодавната компанија Teneo, пишува Wall Street Journal.
Резултатите од другите избори ширум светот, исто така, ги поттикнуваат очекувањата за подобрувања во глобалната економија и политичката стабилност. Раководните лица предвидуваат зголемување на активноста и полесен пристап до капиталот и во наредните месеци.
Севкупно, 77% од главните извршни директори рекоа дека очекуваат подобрување на глобалната економија во првата половина на следната година, според истражувањето на повеќе од 300 извршни директори на јавно котирани компании од советодавната компанија Teneo. Тоа е зголемување во споредба со 45% кои направија слична прогноза минатата година.
Извршниот директор на Teneo, Пол Кери, рече дека победата на Трамп го зајакнала оптимизмот кај извршните директори и во САД и во светот.
Поместувањето кон перспектива “до половина полна чаша” е најголемо меѓу извршните директори на најголемите компании или оние со повеќе од 10 милијарди долари годишен приход. Малку повеќе од 50% од таа група очекуваат подобрување на економијата во следните шест месеци, зголемување од 16% во 2023 година и само 6 % во 2022 година.
Истражувањето било направено неколку недели по претседателските компании во САД и вклучува одговори од раководителите на компании со годишен приход од најмалку 1 милијарда долари. Околу една третина биле извршни директори на компании со седиште во САД.
Во продолжение се некои од позначајните наоди од истражувањето на Teneno:
# Повеќе од 80% од извршните директори очекуваат спојувања и превземања (М&А) да се зголемат во 2025 година. Глобалната вредност на М&А е зголемена за речиси 18% оваа година во споредба со 2023 година, но сепак е под рекордните нивоа од 2021 година.
# Речиси 80% од извршните директори очекуваат дека инфлацијата ќе се зголеми во нивниот регион. Потрошувачките цени во САД продолжија да растат скромно оваа година, поттикнувајќи ги шпекулациите дека Федералните резерви ќе го забават или запрaт намалувањето на каматните стапки. 60% од анкетираните извршни директори очекуваат централните банки во нивниот регион да ги зголемат каматните стапки во првите шест месеци од 2025 година.