Цените на нафтата на меѓународните пазари вчера се зголемија на над 30 долари, потикнати од надежите за закрепнување на побарувачката откако повеќе земји најавија олеснување на мерките за спречување на пандемијата, но и од намалената понуда на нафта од страна на водечките производители.

На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 76 центи во однос на претходното затворање, на 30,22 долари.

За речиси исто толку порасна и цената на американскиот апзар, каде барел се тргуваше за 24,33 долари.

Трговците со нафта се охрабрени од планови за ублажување на мерките против пандемијата кои ги најавија владите ширум светот.

Австралија најави ублажување на мерките во три фази, а по истиот пат ќе оди и Франција и одделни американски сојузни држави.

Поблагите мерки значат враќање на автомобилите на патиштата во САД, кои се најголем потрошувач на нафта и нафтени производи во светот.

Истовремено, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија започнаа со намалување на производството на нафта за рекордни 9,7 милиони барели на ден.


Поврзани вести

Како корона вирусот ќе влијае врз цената на суровините и металите?

Нафтениот пазар колабираше: Никој не сака да купува нафта оти нема што со неа да прави


Компаниите во Северна Америка го намалуваат производството побрзо од очекуваното од официјалните претставници на ОПЕК и аналитичарите во енергетскиот сектор и може да го намалат снабдувањето за 1,7 милиони барели на ден до крајот на јуни.

На пазарот се уште има преголемо снабдување со нафта, мо лратењето на производството од страна на ОПЕК и ублажувањето на мерките би можело наскоро да ги даде првичните сигнали за опоравување на побарувачката и заздравување на нафтениот пазар.

Аналитичарите од Goldman Sahs предвидуваат дека побарувачката би можела да ја надмине понудата на нафта на пазарот најрано кон крајот на мај.

Неодамна Светската банка во својот најнов извештај за ефектите од коронавурисот врз цените на суровините и металите, процени дека цените на нафтата за 2020 година се очекува да достигнат просечна цена од околу 35 долари за барел, што е огромен пад од околу 43% во споредба со просечната цена од 61 долар за барел од 2019 година.