10 македонски компании ќе учествуваат на најголемиот саем за кондиторија ISM во Келн

Од 2 до 5 февруари во Келн Германија се одржува еден од најголеми и најважни
саеми од областа на кондиторската индустрија ISM Cologne, на кој секоја година изложуваат над 1.700 изложувачи и над 38 илјади посетители.

Десет македонски компании од домашната кондиторска индустрија ќе учествуваат на годинешниот саем во Келн. Макпрогрес, Витаминка, Европа, Виталија, Макпромет, Жито Пром, Макс, Лион, Мултипром и Стел импекс се на листата официјални изложувачи како претставници од Македонија.

На годинешното издание на ISM, кога се слави јубилеј 50 години од неговото постоење, фокусот ќе биде ставен на новите производи и иднинатата во кондиторската индустрија и светот чоколадните и кондиторските производи, фините пекарски производи, сладоледи…

Саемот нуди можности за нови контакти и зделки, за информации за новите трендови во индустријата, за наоѓање на нови пазари и зголемување на продажбите.
На настанот изложуваат над 1.700 изложувачи од 75 земји и има огромна и иновативна понуда.
За оние компании кои сакаат да најдат нови купувачи ова е местото на кое мора да бидат бидејќи на саемот се присутни сите најголеми трговски ланци, како Ahold, Aldi, Carrefour, Costco, Edeca, El Corte Ingles, Kroger, Metro, Target, Tesco, Walmart, Walgreens и уште многу други.
Саемот го посетуваат над 38 илјади посетители од 140 земји, од кои над 73% се на одлучувачки позиции, а над 40% се од трговијата на големо.