Home Вести Гранит дел од конзорциум за изградба на автопат вреден 78 милиони евра...

Гранит дел од конзорциум за изградба на автопат вреден 78 милиони евра во БиХ

Македонската градежна фирма Гранит заедно со компанијата Еуро Асфалт од Сараево е дел од конзорциумот кој ќе го гради новиот автопат во БиХ, дел од Коридорот 5Ц. Вредноста на проектото  ќе чини 77,9 милиони евра, а парите се обезбедени преку Европската инвестициона банка (ЕИБ) и неповратен грант од 11 милиони од страна на европскиот WBIF (Western Balkan Investment Fund).
Босанските медиуми пишуваат дека денеска во Мостар ќе биде потпишан договорот за изградба на делницата Тарчин – влез во тунел Иван,од страна на JP Autoceste BiH, директорот на Еуроасфалт, како претставник на конзорциумот на фирми и министерот за транспорт и комуникации на БиХ.
Рокот на изградбата на автопатот е 20 месеци.

error: Content is protected !!
Exit mobile version