Home Вести Српското свинско месо ќе се извезува во ЕУ за првпат после 30...

Српското свинско месо ќе се извезува во ЕУ за првпат после 30 години

Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ, информира дека во текот на оваа година се очекува почеток на пласман на свинско месо од Србија и на пазарот на ЕУ, за првпат по 30 години.
Тој потврди дека Србија успешно го запрела ширењето на африканската свинска чума, идентификувана кај домашни и диви свињи.

Тој изјави дека се создадени услови и за говедското месо и јајцата од Србија да почнат да се извезуваат на поголемите светски пазари.

Министерот вели дека во 2020 година, потрошувачката на говедско месо опаднала за 70%, а потрошувачката на свинско месо паднала за 20%, бидејќи хотелите и рестораните не работеле, и дека биле направени напори да се отворат некои нови пазари за извоз.

error: Content is protected !!
Exit mobile version