Home Вести Инфографик: Кои држави се најголеми извозници на компјутери во светот?

Инфографик: Кои држави се најголеми извозници на компјутери во светот?

Порталот HowMuch.net објавува интересна инфографика за земјите кои се лидери во извозот на компјутерски уреди.
Според податоците за изминатата 2019 година Азија, Европа и Северна Америка доминираат на извозниот пазар за компјутерски уреди, додека Јужна Америка, Африка и Блискиот исток се присутни со по една земја на оваа листа – Бразил, Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати.

Кина е убедливо најголем извозник на компјутерски уреди и компоненти во светот со 148 милијарди долари годишен извоз, што претставува повеќе од 40% од вкупниот глобален пазар. Кинескиот вкупен извоз не ги вклучува Хонг Конг со извоз на компјутери вреден 21 милијарда долари и Тајван (9 милијарди долари).

Мексико има втор најголем удел на пазарот со 32 милијарди долари извоз или околу 8,7% од вкупниот извоз на компјутери во светот, додека САД се на трето место со вредност на извозот на компјутерски уреди и компоненти проценета на 26 милијарди долари.
Многу различни компании произведуваат компјутери и паметни телефони, а многумина ги набавуваат своите микрочипови од Кина, вклучувајќи го и „Епл“, а факт е дека светот се потпира на Азија кога станува збор за производство и извоз на компјутери, чипови и паметни телефони.


Од земјите на ЕУ кои имаат дел од овој пазар, лидер е Холандија со извоз од 28 милијарди долари во 2019 година, Германија со 15 милијарди долари и Чешка со 13 милијарди долари.

error: Content is protected !!
Exit mobile version