Home Вести Макпрогрес со своите брендови присутен на промоцијата на македонска храна во Букурешт

Макпрогрес со своите брендови присутен на промоцијата на македонска храна во Букурешт

Денес во Букурешт Романија се отвори изложбата на македонска храна и пијалоци од страна на високи македонски владини претставници и од претседателот на Стопанска комора на Букурешт Г-дин Иулиу Стоклоса.

На изложбата присуствуваа генералниот директор на Макпрогрес г-дин Gligor Cvetanov како и градоначалникот на Општина Виница г-дин Ивица Димитров.
Компанијата Макпрогрес на изложбата се претставува со производи од своите брендови: Vincinni, Natura и KRŠLA Vineyards.
Манифестацијата “Денови на македонската храна”, на која ќе се промовираат домашни земјоделски и прехранбени производи ќе трае до 18 јуни.
Романија е седми најголем пазар за извоз на македонската храна и прехранабени  производи, каде минатата 2020 година е остварен извоз од 18 милиони евра.

Најголем дел од извозот на храна на романскиот пазар отпаѓа на кондиторски производи, чиј извоз лани надмина 8,5 милиони евра. Околу 4,1 милиони евра вреден извоз е остварен со продажба на зеленчук, најмногу зелка, додека извозот на зеленчукизнесувал 4 милиони евра, пришто најизвезувано овошје биле јаболката.

error: Content is protected !!
Exit mobile version