Home Вести На годинешниот „Macedonian Manufacturing Expo“ ќе учествуваат 30 германски компании, можност за...

На годинешниот „Macedonian Manufacturing Expo“ ќе учествуваат 30 германски компании, можност за нови зделки на македонските компании од металната и електро индустријата

Здружението на метална и електро индустрија – МАМЕИ заедно со Делегацијата на германското стопанство во земјава од 20-22 октомври 2020 организираат дигитална конференција и саем „Macedonian Manufacturing Expo“.

“Со овој настан им нудиме на германските компании можност да најдат нови добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово. Оваа година очекуваме 30-тина германски компании да земат учество на Macedonian Manufacturing Expo. Не пропуштајте ја можноста да ја претставите Вашата компанија на најголемиот Б2Б настан во регионот и да изнајмите виртуелен штанд на кој ќе ги претставите Вашите производи”, велат од Делегацијата на германското стопанство.

Macedonian Manufacturing Expo е најголемиот бизнис настан за деловно вмрежување во Република Македонија, чија примарна цел е поврзување на локални добавувачи (од Македонија и државите од Западен Балкан) од лесно преработувачките индустрии (компании кои преработуваат метал, пластика, гума, хартија и стакло, компании од електро-електронскиот сектор и компании од пакувачките индустрии) со домашни, регионални и странски компании-купувачи, низ низа на претходно договорени и таргетирани business-to-business средби според барањата на компаниите-купувачи и дејноста на компаниите-добавувачи, со цел градење основа за понатамошни партнерства и успешни добавувачки ланци. Претходните три години овие состаноци се одржуваа во живо, но поради рестрикциите на патување и големи собири поради пандемијата на вирусот COVID-19, овогодинешниот Macedonian Manufacturing Expo ќе биде целосно виртуелен и ќе се одржи на GDPR-сертифицираната он-лајн платформата за виртуелни настани Eventora.

Повеќе информации за тоа како да учествувате на овој настан можете да прочитате на следниот ЛИНК.

 

error: Content is protected !!
Exit mobile version