Home Вести Новите затворања ја срушија цената на нафтата под 36 долари за барел

Новите затворања ја срушија цената на нафтата под 36 долари за барел

 

Цените на нафтата на светските пазари нагло паднаа минатата недела затоа што трговците стравуваат дека мерките на европските земји против коронавирусот ќе го забават закрепнувањето на економиите, а со тоа и побарувачката за нафта.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 10,3 %, на 37,46 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 10,2 % на 35,79 долари.
Падот на цените близу најниските нивоа во последните пет месеци е последица на повторното воведување на ограничувачки мерки насочени кон борва против повторното ширење на коронавирусот.
Заради вториот бран на коронавирус, во кој бележи рекордно зголемување на бројот на нови инфекции, многу европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Англија, повторно воведуваат построги мерки за борба против вирусот, што ќе го забави закрепнувањето на економијата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Цените зависат од темпото на закрепнување на економијата

Во април, поради кризата со корона, цените на нафтата потонаа на најниско ниво во последните 20 години. Но, тие подоцна надоместија голем дел од овие загуби, благодарение на големите фискални и монетарни стимулативни мерки во најголемите светски економии, што поттикна закрепнување на економската активност, а со тоа и побарувачката на нафта.
Понатамошниот развој на цените на нафтата во голема мера ќе зависи од тоа колку брзо светската економија, а со тоа и побарувачката на нафта, ќе закрепне од кризата предизвиката на пандемијата на корона вирус.

error: Content is protected !!
Exit mobile version