Home Вести Светската потрошувачка на вино на најниско ниво од 2002 година

Светската потрошувачка на вино на најниско ниво од 2002 година

Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за 3% проценти во споредба со 2019 година и е на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија.
„Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за 3% помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година“, се вели во Извештајот.

Во исто време, светското производство на вино се зголеми за 1% во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри.

Според експертите, потрошувачката на вино беше погодена од пандемијата на Ковид 19 која ги принуди властите во речиси целиот свет да ги затворат баровите и рестораните и да го ограничат влезот на туристи.

Потрошувачката паднала најмногу во Кина, со 17,4 % и во Јужна Африка, со 19,4%.

Падот на производството и потрошувачката на вино во Кина веројатно ќе сигнализира успорување на брзиот раст на кинескиот пазар на вино, што започна пред 20 години, се проценува во Извештајот.

> Извозот на вино лани намален за 2,8%, на 45 милиони евра


>> ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Content is protected !!
Exit mobile version