Home Вести СТО ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија

СТО ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија

Светската трговска организација (СТО) ги зголеми прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки за оваа и за 2022 година, но предупреди на нерамномерно закрепнување и негативни ризици поради пандемијата на „Ковид-19“ и проблемите во синџирот на снабдување.
Глобалниот трговски регулатор објави денеска дека предвидува зголемување на трговијата за 10,8% оваа година по падот од 5,3% во 2020 година, пренесува Ројтерс.
Во март годинава, СТО прогнозираше раст од 8,0 % за тековната година.
Трговското тело со седиште во Женева , исто така, проценува дека глобалниот раст на трговијата ќе забави до 4,7%во 2022 година.
Таа стапка, сепак, е над проектираниот раст од 4,0 % од претходната прогноза на СТО, што значи дека светската трговија се приближува кон долгорочен тренд пред пандемијата.
error: Content is protected !!
Exit mobile version