Home Вести Извозот од Македонија во Германија падна за 29,3% во мај

Извозот од Македонија во Германија падна за 29,3% во мај

Од Македонија во Германија во мај биле извезени стоки вредни 244 милиони евра што е за околу 100 милиони евра помалку од мај минатата година или пад од високи 29,3%. Количински, извозот во Германија бил помал дури 41,7% во мај во споредба со истиот период лани.

Вкупниот извоз од земјава во Германија за периодот од јануари заклучно со мај изнесувал 1,37 милијарди евра и е за околу 250 милиони евра помал во споредба со истиот период минатата година, што е годишен пад од 15,3%.

Речиси две третини или 58% во првите пет месеци годинава отпаѓаат на извоз на хемиски производи, односно извоз на катализатори и уреди за прочистување наменети за автомо билската индустрија во Германија кои ги произведува Џонсон Мети во зоната Бунарџик.

Втора најголема ставка во овој период е извозот на машини и транспортни уреди во вредност од 396 милиони евра.

Намалувањето на извозот во Германија главно се должи на намалените нарачки како последица на забавувањето на германската економија, но и намалените цени на одредени извозни производи.

Македонските компании во мај годинава извезле стоки во вредност од 603 милиони евра, што е пад за 21,6% или за 166 милиони евра помалку во споредба со мај минатата година, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Обемот на извезени производи во мај е помал за 4,6%, што упатува на тоа дека падот на извозот во поголем дел е заради намалените извозни цени.

На германскиот пазар во првите пет месеци годинава македонските компании извезле и храна во вредност од 8,7 милиони евра, како и пијалоци и тутун во вредност од 5,9 милиони евра.

https://izvoz.mk/%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8/%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b1%d0%b4%d0%bf-%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d1%80/
https://izvoz.mk/%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8/%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d0%b1%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b3/

error: Content is protected !!
Exit mobile version