Home Вести Недоволната побарувачка од странство најголем проблем за преработувачката индустрија

Недоволната побарувачка од странство најголем проблем за преработувачката индустрија

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во преработувачката индустрија има недоволната странска побарувачка со 21.5 %, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика подготвени според оценките на  раководителите на компаниите од овој сектор.
Втор најсилен ограничувачки фактор е неизвесното економско опкружување со 16.6 %.
Ако во јануари годинава  недостигот на квалификувана работна сила беше најголем ограничувачки фактор за поголемо производство со учество од 25,6%, во јули е трет најограничувачки фактор со учество од 15,9%.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2020 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на јуни 2020 година и изнесува 12.3, а во однос на јули 2019 година е намален за 8.9 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2020, во однос на јуни 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јули 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2020 година изнесува 66.2 % од нормалното искористување, што е за 4,7 процентни поетни помалку во споредба со јули 2019 година.

error: Content is protected !!
Exit mobile version