Анатол Кутревски и Радош Вукиќевиќ избрани за потпретседатели на Клубот на извозници

158

Клубот на извозници со избор на двајца потпреседатели од редовите на реномирани домашаните извозни компании ги зајакнува своите капацитети.

Во функција на зајакнување на кадровските капацитети и унапредување на активностите за поддршка и промоција на македонскиот извоз на странските пазари, Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија на седницата одржана на 28.04.2023 година избра двајца потпретседатели – Анатол Кутревски генерален директор на Пекабеско АД Скопје и  Радош Вукиќевиќ генерален директор на Тиквеш АД Кавадарци.  И двајцата се искусни менаџери во едни од најреномираните компании во нашата земја.

Пекабеско има 40 годишна традиција, а нивните производи се знак на препознатливост на македонскиот квалитет и на трпезите во речиси сите земји од регионот и пошироко во Европа.

Винарска Визба “Тиквеш” е реномирана домашна извозна компанија со изграден бренд и врвен квалитет на вина присутна во многу региони и земји низ светот.

Како и досега и во наредниот период, приоритет на Клубот на извозници при Стопанска комора на Северна Македонија ќе биде креирање и спроведување на активности за унапредување на извозот, зајакнување на извозните потенцијали на домашната економија, поттикнување на конкурентноста на извозно ориентираните домашни компании и освојување на нови пазари преку активна промоција на македонските извозни компании и производи.