Home Вести Бобан Николовски е нов директор Царинската управа, најавува борба со криминалот и...

Бобан Николовски е нов директор Царинската управа, најавува борба со криминалот и фер пристап кон бизнисот

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.

Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите, како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели“, порача Николовски на првата средба со вработение.

Тој најавува фер пристап кон бизнис заедницата и ефикасна и транспарентна работа на Царинската управа, како и поголеми резултати што ќе бидат мерливи преку зголемување на приходите во Буџетот, олеснување на трговијата и севкупно поголем економски раст.

“Ние царинските службеници сме лицето на државата, а мојата и нашата цел како тим ќе биде лицето на царинските службеници да биде на врвно професионално ниво, при што резултати очекувам ведна”, порача Николовски.

Бобан Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.

error: Content is protected !!
Exit mobile version