Home Вести “Брако” гради нова хала за производство на 4.400 м2, инвестиција од 2,5...

“Брако” гради нова хала за производство на 4.400 м2, инвестиција од 2,5 милиони евра

“БРАКО”, една од најголемите македонски извозни компании го шири производството и гради нови погони со цел да одговори на зголемената побарувачка од светот пред се за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4400 метри квадратни, а со неа дополнително ќе се подобрат условите за работа и ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка, пред се на современите машини за чистење во урбани средини од линијата „Грин Машинс“.

Според едицијата ТОП 100 Извозници, “Брако” е 29-ти по големина извозник од Македонија со извоз во 2021 година од над 22 милиони евра.

Вања Андонова, главен инженер-архитект во БРАКО, вели дека халата, вредна 2,5 милиони евра, брзо напредува и дека БРАКО сам ја произведува конструкцијата.

Во новата современа хала ќе биде поставена новата производствена линија за електричните и водородни возила од Грин Машинс, ќе се инсталираат нови ЦНЦ плазма машини за обработка на метал, со што значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на производството, а во склоп на објектот ќе функционира и современ фабрички ресторан, со една реченица значително ќе се зголемат капацитетите за производство“, вели инженер-архитект Вања Андонова.

БРАКO продолжува да ја одржува конкурентската предност на пазарот, со континурано инвестирање во современа технологија и изградба на нови инфраструктурни капацитети.

error: Content is protected !!
Exit mobile version