Home Вести Германската економија со силен пад во првиот квартал од 2021 година

Германската економија со силен пад во првиот квартал од 2021 година

Германската економија најверојатно ќе падне нагло во првиот квартал поради мерките за спречување на пандемијата кои нагло извршија притисок врз услужниот сектор и ја забавија силната активност во градежништвото, соопшти германската централна банка Bundesbank.
„Економската активност веројатно ќе падне нагло во првиот квартал од 2021 година … особено во услужниот сектор, чиј бизнис се потпира на директен контакт со клиенти“, соопшти централната банка.

Индустриското производство исто така забави, а како позитивен фактор се посочува силниот прилив на нарачки и растот на извозот на стоки. Исклучок, сепак, е германскиот извоз на стоки во Велика Британија, кој потона за дури 25% во јануари, првиот месец по излегувањето од Европската унија.

Во извештајот од минатиот месец, централната банка прогнозираше закрепнување на економијата оваа пролет. Но, закрепнувањето е неизвесно со оглед на бавната вакцинација и повторното зголемување на новозаразените.

error: Content is protected !!
Exit mobile version